(ВИДЕО) Нејмар по три месеци се врати на теренот и веднаш со гол го спаси Бразил од пораз

|

Нејмар дочека да се врати на фудбалот. По три месеци бразилскиот ас одигра натпревар и тоа во жолтиот дрес на државниот тим. Враќањето беше најдобро што можеше – веднаш постигна гол.

Бразил одигра пријателски натпревар во Мајами против Колумбија, двете моќни селекции од Јужна Америка решија малку да ја израдуваат својата бројна дијаспора на Флорида.

Мечот заврши нерешено, 2:2, а ѕвезда на вечерта беше Нејмар, кој нема играно фудбал точно три месеци, од мечот меѓу Бразил и Катар во јуни, кога му страдаше зглобот. Додека во Париз не му дадоа шанса да заигра на почетокот од сезоната, се додека не му се реши статусот во клубот, офанзивецот доби шанса во репрезентацијата.

Нејмар беше стартер и одигра 90 минути, а круната пристигна во 58. минута кога постигна гол за 2:2.

Играч на натпреварот беше колумбискиот напаѓач Луис Мјуриел кој постигна два гола за својата екипа, кој од 0:1 донесе пресврт на 2:1. На крајот Нејмар израмни на 2:2.