Највозбудливиот меч од квалификациите за ЕП 2020 синоќа се одигра во Саутемптон, каде Англија го совлада Косово со 5:3. Во меч во кој домашните погрешија уште во првите секунди од мечот и им дозволија на гостите да поведат со 1:0, следуваше серија од пет гола до полувремето за домашните со кои практично беше решен победникот.
Во вториот дел Косово успеа во стартните 10 минути да постигне уште два гола и на крајот да замине од „Ст. Мери“ со поднослив пораз.
Во оваа група селекцијата на Чешка се враќа со големи три бода од гостувањето во Црна Гора. Чесите славеа со 3:0 и се вратија на второто место на табелата, веднаш зад Англија.
Вечерва Албанија на домашен терен стигна до победа над Исланд од 4:2 и исто така полека се приклучува кон селекциите кои во групата бараат пласман на ЕП. Во оваа група Французите и Турците минаа без посериозни проблеми на средбите со Андора и Молдавија. Франција дома ја совлада Андора со 3:0, а со 4:0 Турците славеа во Молдавија.