Нутриционистката Сузи Бурели тврди дека тајната на витата линија лежи во правилно приготвената вечера што никогаш не би требало да ја јадете по 20 часот.
Многу луѓе најмногу храна јадат во текот на вечерта, а токму тоа е најголемата грешка. На телото му треба одмор во текот на ноќта, па затоа последниот оброк во денот не би требало да содржи повеќе од 400 калории.
„Се случува да бидеме зафатени во текот на денот и да не стигнеме да имаме правилни и хранливи оброци, па затоа јадеме нешто набрзина. Кога ќе дојдеме дома навечер, чувствуваме силен глад и во тој случај посегнуваме по нездрава храна и јадеме многу повеќе одошто навистина ни треба. Потоа обично се легнуваме во кревет, а тоа е одличен рецепт за качување килограми“, открива таа.
„Не само што лесната вечера ќе ви помогне да се чувствувате подобро и полесно, туку ќе имате и помирен сон, а наутро ќе се разбудите погладни, што е одлично. Така ќе имате пообилен појадок што ќе ви го покрене метаболизмот и подолго ќе ве држи сити.“