|
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на обраќањето по повод две години од неговиот мандат најави дека зелениот покрив на Градскиот трговски центар ќе биде готов најдоцна до денеска, од Градот информираат дека рокот за изведба е до 30 ноември.
– Работите на проектот за изградба на зелен покрив на ГТЦ се одвиваат во согласност со предвидената динамика. Рокот за изведба е 30 ноември и кога ќе завршат сите работи ќе се одржи свечено отворање на кои медиумите ќе бидат поканети, информирале од Град Скопје за весникот Вечер.
Изградбата на зелениот покрив започна во февруари годинава, а првично беше најавено дека ќе биде готов во септември, па откако беше демолиран, тој повторно се гради.