ПОЛНИ ТРИБИНИ НА „ЕРНСТ ХАПЕЛ“ ЌЕ ЈА ЧЕКААТ МАКЕДОНИЈА!

|

Во сабота во Виена, на „Ернест Хапел“ стадионот со почеток во 20:45 часот, се среќаваат Австрија и Македонија. Тоа ќе биде претпоследниот меч за нас во квалификациите за ЕВРО 2020.

По се изгледа дека „рисовите“ ги чека полни трибини на еден од најубавите стадиони во Европа. До денеска попладне, како што информираат од Австриската фудбалска федерација, продадени се 37.000 билети од 48.500 колку што се пуштени во продажба.

Тие се надеваат дека до сабота до стартот на мечот, ќе бидат продадени и тие преостанати 10.000 билети. Австрија има голема шанса за пласман на ЕВРО 2020, па токму затоа нивните фанови ќе сакаат уште во сабота да го прослават новото учество на едно големо натпреварување на својата селекција.