Лудница пред очите на Пандев: Навивач падна од трибина!

|

Ужасна сцена се случи синоќа на натпреварот меѓу Џенова и Фиорентина во рамките на второто коло од Серија А.

Мечот беше накратко прекинат откако еден навивач на домашниот тим падна од трибина и доживеа тешки повреди. Мораше веднаш да му биде укажана лекарска помош, а несреќниот човек итно беше префрлен в болница.

Засега нема официјални информации во каква состојба се наоѓа навивачот. Џенова победи со 2-1, а Пандев ги одигра последните шест минути, плус судиското надополнување.