Монструм од Скопје на најсуров начин малтретира мачка, „Анима Мунди“ побараа да има одговорност

|

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ објави вознемирувачко видео на Фејсбук, во кое извесен Д.Д. од населба Лисиче, на најсуров и монструозен начин малтретира и повредува мачка.

Од Здружението додаваат дека ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката бидејќи според сведоштвата истиот ја удирал од земја неколкупати со што и нанел очигледни повреди и траума.

-Ваквите слики од млади лица кои судејќи по смеењето во позадина на видеото и задоволството во изживување врз живо битие се скоро секојдневие и аларм за тоа каква младина продуцира ова општество и која би била следната жртва на насилниците од овој калибар. Млади лица, небаре деца кои покажуваат толку ниска свест, нула емпатија и се изживуваат, убиваат животни подоцна нивната агресија според стручни лица можат да ја применат и на луѓе, велат од „Анима Мунди“.

Побараа од надлежните институции да преземат одговорност и навремено да се интервенира кај овој млад човек, со цел да нема вакви случувања во иднина.

-Недозволиво е било кое живо суштество да е мета на насилници со вакво девијантно и монструозно однесување, порачаа од Здружението.