(ВИДЕО) НБА лудило: Жестока тепачка меѓу Ембид и Таунс

|

Кон средината на третата четвртина од дуелот меѓу Филаделфија 76 и Минесота Тимбервулфс дојде до боксерска пресметка меѓу центрите на двете екипи Џоел Ембид и Карл Ентони Таунс.

Гостите беа во напад, топката стигна до Таунс врз кого Ембид одигра одлична одбрана. Немоќен, играчот на Минесота замавма по противничкиот кошаркар, овој му врати и дојде до жесток инцидент.

Се вклучија и другите кошаркари кои едвај ги запреа робусните играчи. Судиите ги исклучија и несомнено им следуваат долги суспензии за овој инцидент.