Доколку сте личност која често не може да се сети каде го паркирала својот автомобил, овa BMW X6 дефинитивно не е за вас. Ако сте паркирале некаде во текот на ноќта, буквално нема да видите каде се наоѓа бидејќи е обоен во најцрната црна боја на светот.
BMW X6 Vantablack е изработен од страна на луѓето од Баварија кои соработувале со британската компанија Surrey Nano Systems, со цел да привлечат внимание на премиерата на новиот X6 на септемврискиот саем на автомобили во Франкфурт.
“Најмрачната работа која ја создал човекот”
Surrey Nano Systems се изумители на Vantablack, “најмрачната работа која ја создал човекот”, како што велат тие. Овој модел апсорбира дури 0,035 отсто од светлината кога ќе го погоди, што значи дека обложените предмети ги губат сите свои дефинирачки особини кои човечкото око ги гледа. Поради тоа изгледаат како да се дводимензионални или изгледаат како дупка во вселената.
Слојот кој е нанесен на BMW е развиен во 2014 година за вселенски компоненти и досега се сметало дека би било навистина премногу за автомобил, а покрај тоа е и исклучително тежок за нанесување и многу скап.
Новиот црн BMW X6 е премачкан со новата Ventablack завршна боја, позната и како VBx2, која досега се користела единствено за архитектонски цели. BMW и Surrey Nano Systems се први кои некогаш ја користеле оваа боја за автомобил.
Од BMW тврдат дека ваквиот црн финиш го истакнува експресивниот дизајнерски јазик и самоуверениот, доминантен и мускулест изглед на новиот BMW X6.