|
Скарлет Јохансон се заколна на вечна љубов со своето долгогодишно момче Колин Џост. Парот судбоносното да го кажал на интимна церемонија, почитувајќи ги препораките за заштита од коронавирусот.
35-годишната актерка и 38-годишниот комичар се во врска од мај 2017 година, а минатата година се верија.
Ова е трет брак на Скарлет, која прво беше во брачна заедница со актерот Рајан Рејнолдс, а потоа и со Французинот Ромен Дорјак со кого има 6-годишна ќерка.