Вистинска поезија на тркала. Некогаш најбрзиот автомобил на светот продаден е на аукција на американски милијардер кој засега останал анонимен.
Автомобилот е продаден за вртоглави 18 милиони евра.
Станува збор за McLarenu F1 LM кој спаѓа во редот на најголемите технолошки достигнувања во патниот транспорт.
Ремек делото на Гордон Мари е автомобилот на кој и денес се восхитуваме и тоа на секој од 106-те произведени.
А од тие 106 автомобили дури 64 смееле да излезат на јавен пат. Меѓу нив посебен број добива оној автомобил со сериски број #18.
Некогаш најбрзиот автомобил на светот имал и свое специјално издание со LM спецификација за моторот и таканаречен downforce пакет за каросериско надоградување. Надворешниот знак за препознавање е фиксното задно крило, а при возење моторот V12 на BMW-то може да се заврти и до 1.000 пати во минута повеќе од стандардната верзија.