|
Бурсаспор направи голем чекор назад откако минатата сезона испадна во втората фудбалска лига во Турција, но ако се суди според стартот, „зелено-белите“ од Бурса се меѓу главните фаворити за експресно враќање во елитното друштво.
Изминатиов викенд се одигра третото коло во турската втора лига, а токму од мечот на Бурсаспор ни пристигна една фудбалска бравура од која застанува здивот. Романецот Латовлевичи изрежира волеј бравура која вреди да се погледне повеќе пати, бидејќи левиот бек на Бурсаспорт ја зафати топката до толку прецизно и силно, како да има снајпер во ногата.