Чарлс вечерва ќе се обрати на нацијата, а утре ќе биде прогласен за крал

|

Чарлс Трети утре официјално ќе биде прогласен за крал во палатата Сент Џејмс во Лондон, пред церемонијално тело познато како Пристапен совет.

Крунисувањето би можело да се случи за неколку месеци, јавија денеска британските медиуми.

По заминувањето на кралицата Елизабета Втора, крал автоматски станува нејзиниот син Чарлс (73), кој е и најстар наследник на британскиот трон.

По враќањето од замокот Балтимор во Шкотска, каде што вчера поч ина кралицата, тој прво ќе се сретне со премиерката Лиз Трас, а вечерва првпат ќе и се обрати на нацијата.

Пог ребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде извршен за десет дена, според однапред утврден протокол, а државната жалост се очекува да трае 12 дена.