Повеќе од 135 професионални тенисери, меѓу кои и еден во топ 30 играчи во свет се под полициска истрага поради местење резултати, објавија германските медиуми, пренесува СТА.
Дневниот весник Ди Велт и телевизиската станица ЗДФ објавија дека во тек се истраги во повеќе европски држави. Истрагите ги води американското федерално биро (FBI) и полициите во тие земји.
Меѓу вмешаните е тенисер кој во својата кариера има освоено три АТП турнири.
„Говориме за ерменска кладилничарска мафија што е распространета низ цела Европа и делува мегаломански“, изјави белгискиот генерален државен обвинител Ерик Бишоп.
Тој додаде дека во истрагата се вклучени стотици помали кладилници, кои што оствариле заработка од повеќе стотици илјади евра.
ЗДФ и Ди Велт разговарале со поранешниот аргентински тенисер Марк Трунгелити кој рекол дека многу пати бил контактиран од мафијашки групи.
„Има многу играчи од првите 50 во свет кои учествуваат во местење резултати. Ова се случува на турнири на сите нивоа,“ ијави тој.