152 милиони денари исплатени на сметките на сточарите

ИЗВОРНов Лист
|

Според соопштението денеска, Платежната агенцијa, на сметките на 6 755 сточари ќе префрли повеќе од 152 милиони денари за произведено и предадено овчо, кравјо и козјо млеко од втора фаза.

Според директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, средствата од оваа мерка се свеж капитал што треба да им помогне на сточарите да ја обезбедат потребната количина храна за презимување на стоката.

-Преку мерките од програмите за земјоделство и рурален развој, создаваме поволни услови за подобрување на сточниот фонд, зголемување на домашното производство на млеко, а со тоа и обезбедување на суровина за домашните капацитети за производство на млеко, млечни производи како и домашно произведено месо. Владата, Агенцијата и Министерството ќе продолжат да создаваат поволни услови за одржливо земјоделство, негова модернизација, со што ќе се овозможи задоволување и на домашните потреби со земјоделски производи, но и за извоз, вели Бабовски.

Директорот Бабовски порачува, земјоделството е наша шанса за успех. Затоа сите заедно да работиме на производи со додадена вредност што позитивно ќе се одрази и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ.