3 причини зошто да прекинете да јадете леб

ИЗВОРСкопје24
|

Во денешно време постојат многу видови леб кои многу се разликуваат по својот состав и нутритивната вредност, но секој од нив претставува основен животен производ. Во нашиот реон најмногу се јаде белиот леб, кој според оценките на стручните лица е со најлош квалитет.

Лебот пред се е извор на јаглени хидрати кои не обезбедуваат со енергија. Содржи многу протеини и витамин Б1, а тоа не е за занемарување. Лебот треба да се чува на ладно и темно место, но никако на температура од -6 до +6 бидејќи така брзо се суши. Можете да го чувате и во замрзнувач, но пред употреба да го оставите да се одмрзне на собна температура.

Сепак лебот не претставува една од најздравите намирници, многумина од нас се љубители на лебот. Тој може да се јаде сам, намачкан со путер или пак како дел од сендвич. Неговото преголемо и пречесто конзумирање може да има одредени негативни ефекти на вашиот организам. Ова се трите најчести причини зошто се препорачува да прекинете да јадете леб.

Нема многу хранливи состојки

За разлика од другите прехранбени продукти, лебот особено белиот, има недостаток од хранливи материи. Со негово конзумирање не добивате никакви хранливи влакна. Од друга страна, лебот направен од пченица е малку подобра опција. Па така, доколку сте во потрага по хранливи состојки лебот направен од цели зрна е правиот избор за вас.

Содржи премногу сол

Повеќето видови на леб, особено оние што ги купувате во супермаркет содржат големи количини на сол. Ако лебот не е дел од речиси секој оброк во денот, количината на натриум во вашето тело значително ќе се намали. Секако, повременото јадење на едно парче леб нема да направи никаква штета. Доколку сте негов голем љубител и имате потешкотии да се откажете, пробајте да правите сопствен леб и притоа да не додавате премногу сол.

Ја зголемува тежината

Лебот содржи многу јаглехидрати, сол, рафиниран шеќер и конзерванси. Поради сето ова, доколку сте зависник од него можете многу лесно да ја зголемите телесната тежина за краток временски период. Јадењето леб во умерени количини нема да има никаков ефект врз вашата тежина, но сепак треба да се избегнува негово пречесто конзумирање.