Перо Антиќ ќе ја прекине пензијата и ќе го засили Работнички?!

ИЗВОРСкопје24
|

Поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ одлучил да ја прекине пензијата и да и се врати на кошарката како нов член на нашиот шампион Работнички, пренесува спорт1.мк.

Антиќ на крајот на минатата сезона  која ја мина во редовите на српскиот шампион Црвена Звезда и стави крај на богатата и трофејна кариера. Но, сега по само шестмесечно отсуство од кошаркарскиот терен , Перо се враќа на паркетот.

Тројниот европски кошаркарски шампион  во продолжението на сезоната ќе го облече дресот на Работнички, а не на клубот во кој е акционер Гостивар, како што долго се шпекулираше.