Изминатите денови многумина претераа со храната, а последиците од празничното прејадување веќе се забележуваат и на здравјето.
Ако се чувствувате по малку тромо, време е да го исчистите организмот со помош на една вкусна зимска салата направена од здрави намирници преполни со нутриенти кои се потребни на нашето тело. Свежата репка, цвеклото и морковот од организмот ќе ги избркаат несаканите маснотии а притоа ќе го регулираат варењето и ќе ви дадат енергија и железо.
Состојки: 2 средни репки, 2 средни цвекла, 3 средно големи моркови, малку магдонос, сол, црн пипер, масло и оцет.
Подготовка:репката, цвеклото и морковите измијте ги, излупете и изрендајте. Зачинете со сол, црн пипер, масло и оцет и наросете со малку сечкан магдонос. Салатата можете да ја послужите со вкусен сос од рен.