Прекрасно е кога знаеме дека македонскиот фудбал има амбасадори ширум светот кои го промовираат спортот во најдобро светло. Александар Кузмановски е 17 годишен македонец по потекло од Крушево кој живее во Англија, Лондон. Голем љубител е на фудбалот и на македонската фудбалска репрезентација, го следи и анализира секој натпревар одблиску.
Првиот натпревар кој го гледал во живо е во 2013 година помеѓу Белгија и Македонија. Омилен играч му е Пандев, но е и голем фан на ѕверката од Палермо, Александар Трајковски.
Она што е интересно е дека неговата сестра има 14 години и игра професионално за Чарлтон Атлетик. Со оглед на условите за тренирање и играње фудбал во Англија, нема да биде чудно да ја имаме и следната Наташа Андонова.
Љубовта кон фудбалот Александар ја има прикажано и низ следново видео за кое сме сигурни дека ќе ги разбуди сите емоции во вас, за видеото му имаат помогнато и двајца другари Англичани кои се истотака големи фанови на македонската фудбалска репрезентација, уживајте:
Автор: Филип И.