Македонски лав: Филип Талески на СП со специјално дизајнирани патики посветени на неговата ќерка (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески, во специјално дизајнирани патики ќе ги игра натпреварите на Светското првенство кое вечерва ќе започне во Данска и Германија.

Талески неодамна стана татко, a веста за раѓањето на ќерката Софиа ја сподели преку фотографија на социјалните мрежи. Како што може да се види и на фотографиајта од неговите патики, името на својата ќерка Талески ќе го има на себе со секој момент на Мундијалот бидејќи е испишан на неговите патики, веднаш со неговата слика.

Тој стапи во брак со Ена, македонка која живее во Германија, а ова е инаку нивното прво дете.

Фотографии од малата принцеза на социјалните мрежи сподели бабата, па напиша „Станав баба прекрасно чувство“.