Почнува еуфоријата: Снежна поддршка за македонските ракометари (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Почнува еуфоријата во очекување на стартот на настапите на ракометната репрезентација на Македонија на Светското првенство во Германија.

Македонските фанови кои се во Минхен веќе се загреваат во очекување на дуелот со Јапонија кој стартува од 15:30 часот, но очигледно повеќе од загреани се и сите искрени македонски навивачи во земјава и ширум Европа… Токму една интересна снежна навивачка приказна осамна денеска како знак за поддршка на македонските ракометари, објави Екипа.мк

Вчера официјално започна Мундијалот во Данска и Германија, а првиот ден донесе лесни победи за двете домашни репрезентации.

Македонија ќе го стартува натпреварувањето со денешната средба против Јапонија. Селекторот Раул Гонзалез мораше дополнително да го скрати списокот во пресрет на првото коло од групата Б и дуелот против Јапонија, па одлучи да ги изостави голманот Златко Даскаловски и младиот ракометар на Металург, Милан Лазаревски.

Отворањето на Светското првенство ќе биде клучно за нашата репрезентација, која во првите две кола игра против аутсајдерите во групата против кои ќе нема право на грешка.

Мечот против Јапонија се игра денес со почеток од 15:30 часот.