УБЕДЛИВА ПОБЕДА: Македонската ракометна репрезентација со победа го отвори Светското првенство

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската ракометна репрезентација со победа го отвори Светското првенство во Германија и Данска, на стартот ја совлада Јапонија со 38-29.

Отворивме како што посакувавме, победа на стартот на Светското првенство. Македонската репрезентација ја оправда фаворитската улога против Јапонија, ја совлада со (13-18) и го направи најважниот чекор во борбата за третото место кое води во главната фаза. Иако е рано да се зборува, сепак триумфот е важен за зголемување на самодовербата.

Раул Гонзалез тргна со најсилната постава, капитенот Лазаров, Стоилов, Марковски, Талески, Кузмановски, Георгиевски, Манасков и Борко на голот. Искусните одлично ја завршија задачата. Капитенот беше вистински лидер на теренот, Ристовски блескаше на голот, мечот го заврши со 20 одбрани…Секој придонесуваше на свој начин, таа сплотеност на теренот не донесе падови во нашата игра.

Јапонците само во првите седум минути беа незгоден ривал. Поведоа со 1-0, а потоа преку Манасков и Столе брзо зголемија на 1-3. Во седмата минута противникот поведе со 4-3, Лазаров ја најави серијата на Македонија во 12. минута имавме 4-7 позитива која ја одржувавме и пет минути подоцна. Со серија од 3-0, поведовме со 5-10, најголемата позитива во овој дел од мечот изнесуваше шест гола (9-15, 10-16 и 11-17) На полувреме Лазаров од игра погоди за 13-18.

Раул во второто полувреме одлучи да игра „седум на шест“, не изгледавме лошо, а шанса доби и Мартин Поповски на местото на Гоце Георгиевски. Одржувавме предност од пет гола, на седум минути до крајот беше и 26-33. На крајот лесно дојдовме до 27-37.

Македонија утре е слободна, вториот дуел го игра во недела против Бахреин, дуелот 14 часот.