Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ за хрватска „Индекс“ направи стручна анализа за денешниот меч на СП помеѓу Хрватска и Македонија кој се игра од 18 часот во „Олимија Хале“ во Минхне.
„Лино за жал повторно го повторува она за што јас сметам дека се две негови големи грешки. Домогој Дувњак треба да го дозира, е не пребрзо и лесно да го потроши, нешто што повторно го прави. Лино мора да пази тоа да не го прави. Червар повторно ја прави неговата грешка – премалку ротира, како во клубовите кои ги води така и во селекцијата на Хрватска“ изјави меѓу другото Вујовиќ и додаде:
„На Хрватска и следи многу тежок противник. Македонија е тврда и тактичка подобра репрезентација од индивидуално посилната Хрватска. Го имат одличниот селектор Раул Гонзалез кој паметно го одмара клучниот играч Кире Лазаров во одбраната така што го користи Поповки. Два млади играчи Талевски и Кузмановски дават голем доприност, а Филип Лазаров е многу корисен кога имат играч повеќе. Стоилов има специфична тежина за Македонија“
Целиот коментар може да го прочитате ОВДЕ.
Селекторот на Хрватска, Лино Червар, изјави дека добро ги познава нашите ракометари и е доста претпазлив пред денешниот дуел.
„Македонците многу добро ги познавам. Сите овие играчи ги тренирав, тие сакаат да се докажат и да не победа. Играат паметно. Нема да ни биде нималку лесно. Бев селектор на Македонија и секогаш кажувам дека тоа е мојата втора татковина. Ракометот во Македонија е најпопуларен спорт. Го имаат Лазаров, Манасков, Стоилов и останатите. Мораме да бидеме претпазливи“, изјави Червар.
И нашиот министер за одбрана, односно голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски, по триумфот над Бахреин (28:23) се осврна и на следниот натпревар или првиот посериозен ривал за нашиот состав на овој Мундијал – Хрватска.
– Задоволни сме од двете победи, треба да бидеме внимателни. Тешкото допрва ни следува. Три натпревари кои ќе бидат многу посериозни. Хрватска е репрезентација со квалитет и ТОП 5 кандидати за првото место. Секој дуел против Хрватска особено на големо првенство е мотив сам по себе и кога настапувате за својата држава пред се, изјави Ристовски во микс зоната.
По серијата од две победи во стартните кола над Јапонија и Бахреин за подмладениот македонскиот национален тим ова ќе биде првиот вистински тест на Мундијалот.
Дуелот против силната Хрватска ќе даде одговор за вистинските квалитети на оваа наша подмладена селекција во која се позначајна улога имаат младите Талевски, Кузмановски, Поповски, …
Само со цврста игра во одбрана, многу подобра од изданијата против Јапонија и Бахреин и стрплив напад вечерва ќе можеме да бидеме рамноправен противник на квалитетната Хрватска. Тактичкото надмудрување меѓу големите стратези на двете клупи Гонзалес и Червар кој одлично ја познава играта на нашата селекција ќе му даде посебен шмек на овој натпревар.
Дербито на 3 коло во Групата Б , Македонија и Хрватска го очекуваат со максимален ефект во досегашниот тек од првенството.