Талески ја има најголемата поддршка вечерва: Двете од трите најважни дами во животот се со него во Минхен

ИЗВОРСкопје24
|

Ракометарот Филип Талески ја има најважната поддршка. И како што се вели, во животот на мажите најважни се три жени, а тоа се мајката, сопругата и ќерката.

Во Минхен дојде неговата сопруга Ена и ќеркичка Софија, која пред некој дена наполни 40 дена.

Македонскиот репрезентативец на својот „Инстаграм“ профил ја сподели фотографија и пиша: Мојата најголема мотивација…

Ракометарот инаку неодамна стана татко иако веднаш по раѓањето не ја сподели оваа вест со јавноста.

Тој стапи во брак со Ена, македонка која живее во Германија, а ова е инаку нивното прво дете.

Фотографии од малата принцеза деновиве на социјалните мрежи сподели бабата, па напиша „Станав баба прекрасно чувство“.