Македонската репрезентација на вчерашниот натпревар беше најавена со спортската химна и една од омилените песни на нашата легенда Тоше Проески, „Македонија навива за вас”.
Во повеќе наврати се чини, дека токму неговиот глас и песна ни има донесено среќа, но за жал тоа не беше случај и овој пат. Како и да е, македонските и хрватските навивачите во салата уживаа во прекрасната песна и еуфорично играа со своите знамиња, што всушност е и најважно. Навивачите заеднички да се дружат и уживаат во атмосферата.
Инаку, Македонија денес е слободна, а натпреварот со Шпанија го играме утре со почеток во 20:30 часот.