Вешто ја крие од јавноста: Ова е Ана, сопругата на Раул Гонзалес

ИЗВОРСкопје24
|

Раул Гонзалес важи за спортска икона, не само кај нас туку и во светски рамки. Тој е на кормилото на најтрофејниот ракометен клуб Вардар кој заедно со него ги забележа своите најголеми успеси досега. Шпанецот, кого играчите го нарекуваат и ел команданте, по природа е тивок, трпелив и неизбувлив. Таков е и како татко.

Тој за Македонја вели дека е преубава земја и во неа се чувствува исто како дома, тука животот е послободен, додека во Шпанија не е така, вели Раул.

Постарата ќерка се вика Ана додека, пак, помалата Сузана. Ана го добила името по својата мајка која, исто така, се вика Ана, а тоа е така затоа што традицијата во Шпанија налага децата да се крстат по имињата на своите родители, односно ако е машко по таткото, а ако е девојче по мајката. И двете се школуваат во гимназијата Нова, веќе имаат свои пријатели, а го изучуваат и македонскиот јазик, кој им оди малку потешко, но сепак се снаоѓаат и даваат се од себе за да го научат.

Поради многуте ангажмани кои ги има се труди она малку слободно време што му останува да го посвети на семејството. Неговата сопруга Ана, иако по професија е медицинско лице.

Мојата работа е таква, цело време сум со обврски. Често патувам и не можам многу време да поминувам со ќерките. Сопругата е таа која се грижи за нив и максимално е посветена на нивното воспитување. Сепак, Ана и Сузана се мирни деца и немаме никакви проблеми со нив”, потенцираше Раул.

Крушата под круша паѓа, но не и е во семејството Гонзалес. Ана и Сузана иако тренираат ракомет, не се големи фанови на овој спорт, но затоа на секој натпревар се на трибините од каде го бодрат тато и навиваат.

Сакаат да гледаат, но не и да играат. Тренираат и двете, но не се баш најдобри. Сепак, со работа и труд се постигнува се, треба само да бидат упорни и истрајни во желбата и намерата”, заврши Раул.