Популарната пејачка Јелена Карлеуша се најде во центарот на голем скандал кога “протекоа” нејзини фотографии со експлицитна содржина, а кои наводно Јелена му ги испраќала на фудбалерот Огнен Врањеш. Веднаш потоа, заедно со своите ќеркички, Јелена одлета во Кинa за да ги исправи односите со својот сопруг Душко Тошиќ, на кого денес му е роденден.
Свечено облечени, позираа на Инстаграм, па потоа се фотографираа и со своите ќерки Ника и Атина. Пејачката позираше во црвено и ги покажа своите атрибути.
Сепак, можеме да забележиме дека нема насмевка на нивните лица, а брачниот пар не е ни прегрнат. Карлеуша ги исклучи коментарите на оваа објава, а на истата кратко напиша – “Славеник!”.
Да се потсетиме, по објавувањето на фотографиите, Јелена Карлеуша на својот Фејсбук профил му посвети брутален текст на фудбалерот Врањеш.