ПОБЕДНИЧКИ КРАЈ: Македонија е 15-та ракометна сила во светот

ИЗВОРСкопје24
|

Во еден изедначен натпревар македонската репрезентација славеше тешка победа над Чиле со 32:30 и го освои 15. место на Мундијалот во Германија и Данска.

Македонија со победа го заврши настапот на Светското првенство, но таа беше изборена многу потешко од очекувањата. Дуелот на Чиле беше изедначен во целиот тек.

Почетокот на мечот изгледаше дека полесно ќе го добиеме овој дуел но не беше така. Чилеанците парираа одлично, беа рамноправни, на полувремето се замина со 16:16.

Раул почна со тактика шест на шест, но на крајот мораше со седум на шест да го руши отпорот на противникот. Можеби планот беше да се направи поголема разлика, па да им се даде шанса на сите ракометари, но работите не се одвиваа така.

На десетина минути пред крајот Чиле дојде до два гола предност, па дури тогаш нашите ракометари запнаа и за неколку минути ја вратија предноста и го привршија мечот за победа од 32:30.

Кире Лазаров со девет голови беше најефикасен на овој натпревар, Манасков имаше еден гол помалку од него. Никола Митревски мечот го заврши со 11 интервенции