Сварете банана со вода и мед – почекајте три дена и телото ќе ви биде благодарно

ИЗВОРСкопје24
|

Направете посебна смеса која помага да избегнете настинки и вируси и помага за здравје на цело тело.

Сварете 400 милилитри вода и ставете во неа 2 банани и 2 лажици мед. Нека зоврие па изладете и земајте по 100 милилитри секој ден 4 пати. Кашлицата, настинката и болестите ќе ги снема.

Помага и за бронхит и тоа брзо.

Настинка и грип – знаете ли да ги разликувате?

Симптомите на настинка и грип се слични. И двете состојби ги предизвикуваат вируси кои ги напаѓаат дишните патишта, но имаат и неколку клучни разлики. Преку одредување на симптомите, откријте кои се нивните сличности и разлики.

Настинка

Типични симптоми на настинка се: затнат нос или течење воден секрет од носот, чувство на гребење на грлото, главоболка, болка во грлото, кивање, умерена сува кашлица (но може и да ја нема), благо покачена температура, која најчесто е поретко изразена и тоа кај деца и постари и изнемоштени лица. Настинката вообичаено поминува за една недела и не е толку сериозна состојба како грипот, иако некогаш може да доведе до компликации: воспаление на средно уво, најчесто кај децата или секундарна батериска инфекција. Во овие случаи, задолжително обратете се на лекар, а доколку се изразени само симптомите на настинка, соодветен препарат капки за нос ќе ги ублажи симптомите и ќе помогне да се чувствувате подобро. Воедно, растворот ќе го намали отокот на носната слузница и секреција од носот. Така се олеснува дишењето преку носот и се ублажуваат другите придружни знаци на настинката.

При настинка не е задолжително да седите дома, бидејќи телото не е изнемоштено. Секако, може да одлучите да не излегувате од дома за да не го пренесете вирусот на другите. Запомнете, лицата кои имаат настинка, истата можат да ја пренесат на други, од вториот до третиот ден од појавата на симптомите на болеста.

Грип

Првичното чувство на грип, најописно и народски кажано, е како да ве удрил камион, бидејќи неговите симптоми не ги зафаќаат само дишните патишта, туку симптомите на грипот се распространети низ целото тело.

Грипот настанува нагло и брзо (може да се развие и за неколку часа) и трае помалку од една седмица. Симптомите, коишто варираат во индивидуални случаи, најчесто се: висока температура со траење од неколку дена над 38 степени, продуктивна кашлица, долготрајна главоболка, болка во мускулите, замор кој трае неколку недели и изразена исцрпеност. И грипот може да доведе со компликации, посериозни од настинката како гнојни воспаленија на крајниците како и воспаление на белите дробови. Грипот може ефикасно да се третира доколку е во почетна фаза, односно во првите 48 часа. Симптомите спонтано се повлекуваат во рок од 7 дена. Доколку сте болни подолго од 7 дена и имате висока температура, болни жлезди на главата, отежнато дишење и изразена кашлица, задолжително посетете лекар.