Македонскиот капитен има милионска понуда на маса – еве каде би можел да се пресели Пандев

ИЗВОРСкопје24
|

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев доби уште една богата понуда за да ја напушти Италија.

Се работи за понуда од околу 4 милиони евра по сезона, која го става македонскиот ас на искушение дали да ја напушти Џенова и следните две сезони да ги мине во првенството на Катар.

Таму веќе е неговиот поранешен соиграч од Интер, Весли Снајдер, кој настапува за тимот на Ал Гарафа, а заинтересиран за Пандев е клубот Ал-Духаил кој деновиве го ангажираше Мехди Бенатиа од Јувентус.

Таму менаџер е Руи Фарија, кој долги години беше прв асистент на Жозе Мурињо и многу добро го познава Горан Пандев од периодот кога заедно освоија тројна круна со „нероаѕурите“.