Вардар ја почна пролетната полусезона во Лигата на шампионите фуриозно, со полувреме од соништата против Рајн-Некар, на гостински терен. По 30 минути води со 16-12. а една од причините сигурно е и големата поддршка која ја имаат црвено-црните во Манхајм.
Македонци има во сите делови од Германија, но вечерва, очигледно, голем дел од нив се концентрирани во „САП-арена“. Полна е со навивачи со црвено-црни дресови, со македонски знамиња, со какво било обележје кое вели „ние сме од Македонија и навиваме за Вардар“.
Извор: Спорт1