Македонскиот ракоментен шампион Вардар на гостински терен го одигра еден од најдобрите натпревари и предмалку ја забележа и својата седма победа оваа сезона во Лигата на шампионите откако убедливо ја победи екипата на Рајн Некар со резултат од 30-27.
Вардар беше во постојана предност и целиот натпревар одлично се носеше со противникот. На полувремето замина на со резултатска предност од 4 голови, односно со резултат 16:12, но и во второто полувреме ја задржа предноста и ја зголеми на 30-27.
Вардар ја почна пролетната полусезона во Лигата на шампионите фуриозно, а една од причините сигурно е и големата поддршка која ја имаат црвено-црните во Манхајм.
Македонци има во сите делови од Германија, но вечерва, очигледно, голем дел од нив се концентрира во „САП-арена“. Полна беше со навивачи со црвено-црни дресови, со македонски знамиња, со какво било обележје кое вели „ние сме од Македонија и навиваме за Вардар“.