Пливање, странски јазици танц… ова се само некои од активностите на кои мора да ги учите вашите деца од мали нозе

ИЗВОРСкопје24
|

При растењето, детето дознава многу информации од околината т.е константно учи нови работи. Затоа честосе кажува дека мозокот на дететот функционира како сунѓер. Баш затоа треба рано да започне со учење на некои работи кои би можеле да му бидат корисни подоцна во животот.

Некои истражувања покажуваат дека децата кои во детството учеле странски јазик полесно се прилагодуваат на промените, или имаат подобро помнење. Учењето на странски јазик од мали нозе ќе му помогне на детето полесно да најде работа подоцна во животот и полесно да патува без страв од зборување и разбирање.

Пливањето и слични активности ги учат децата да водат активен и исполнет живот. Пливањето ќе му отвори многу врати на вашето дете кон нови искуства. Оваа активност му помага на неговиот мозок побрзо да работи и да размислува. Неодамна е направено истражување во кое се тврди дека свирењето на инструмент го „одложува стареењето“ бидејќи ги одржува келиите во мозокот. Истотака и танцот има големо влијание на животот на детето. Оваа активност се препорачува посебно на децата кои се хиперактивни. Докажано е дека музиката помага во развивањето на креативноста и ги подобрува моторичките способности.

Рециклирањето и чистењето се само некои од активностите кои детето треба да ги практикува од мали нозе. На овој начин детето се грижи за околината околу него. Си прави чувство за хигиена и секогаш гледа се оклу него да биде чисто. Иако децата се сеуште мали да научат да готват, многу е важн да ги вметнете во тие активности на време. Ако од мали почнуваат да готват, многу е веројатно дека подоцна во животот нема да јадат брза храна или нешто неквалитетно.

Важно е да ги научите децата дека парите се средство, а не награда и дека не е важно само да се штеди туку и дека треба паметно да се потроши заштеденото. Објаснете му дека не е возможно да биде среќен 24 часа секој ден, дека ќе има периоди кога во животот нема да биде сјајно. Развијте ја емоционалната интелегенција на вашето дете на време.

Подготви: Ф.И.