Станете и вие дел од најголемите светски компании

Колумна на Роберт Османовиќ.

ИЗВОРСкопје24
|

Има повеке дефиниции за тоа што се акции и што преставуваат, но општа прифатена дефиниција е дека преставуваат хартии од вредност каде што купувачот односно инвеститорот сe стекнува со сопственичко право на дадената компанија/и, пропорционално на големината на учеството на таа акција во вкупниот акционерски капитал. Терминот сини чипови на пазарот на капитал се појавува во раните дваесетти години од минатиот век. Иако е невозможно да се предвиди движењето на било која акција , овие акции се сеуште поим за одредена сигурност на инвестициите денес. Иако, се разбира, во време на криза се подложни на ценовни флуктуации, акциите на синиот чип по дефиниција не се толку волативни како останатите акции. Нивната друга голема предност е тоа што тие имаат многу мал ризик од несолвентност или пропаѓање на компаниите.

Кој го носи престижното признаниие blue chips (сини чипови)?

Blue chips е синоним за добро организирана и финансиски стабилна компанија. Компаниите кои го имаат овој статус произведуваат и/или продаваат висококвалитетни производи и услуги.Наведените компании се познати со голема стабилност и кредибилен раст,дури и во времиња на економски кризи.Компаниите кои ние ги нарекуваме сини чипови се компании кои што долг низ на години успешно работат како што се Nestle, Mercedes, Disney, Microsoft, Bayer, Apple…односно се лидери во своите индустрии.Статусот Blue chips компании го стекнале благодарение на фактот дека преживеале повеке светски економски кризи.Сите сериозни инвеститори во своето портфолио имаа во сопственост акции во некои од наведениве компании. Вложувањето во наведениве акции подразбира очувување на вложениот капитал, но и редовен принос од исплата на дивиденди.
Берзански аналитичари и инвеститори внимателно го следат движењето на Blue chips индексот.Имено, Blue chips индексот е берзански индекс кои го следи движењето на вредноста на акциите со Blue chips карактеристики. Инвеститорите со анализа на индексот ја следат состојбата во целокупната економија.Вредноста на индексот константно се менува додека берзата работи и го прикажува трендот на движењето на целокупниот пазар.Ако индексот е во пад ,паѓаат и поголем дел од акциите кои го опфакаат индексот и обратно.Инвеститорите кои не сакаат премногу да ризикуваат го креираат своето портфолио со купување на акции кои се во составот на овој индексот.Во САД најпопуларен е Dow Jones Industrial Average (DIJA). Наведениов индекс се состои од 30 најголеми компании во САД со кои се тргува на берза.Додека еден од најпознатите Blue chips индекси на европската берза е DАX indeks кое го следи движењето на 30 Blue chips компании на Франкурската берза.

На македонскиот пазар постојат отворени инвестициски фондови кои доминантно вложуваат на овие пазари односно во blue chip компании. Вооедно, тоа преставува одлична можност за македонските граѓани да бидат инвеститори и да профитираат од глобалниот раст и развој на светската економија. Тоа можат да го направат преку купување на удели во отворени инвестициски фондови.
Се поставува прашањето што се удели?
Уделот кај инвестициските фондови е исто и како акција во компанија, односно со купување на удели во фондот се купуваат делови од акции во даденото портфолио. Пример ако одреден фонд односно портфолиото на одредениот фонд вложува во акции во 100 компании, ние купувајки удели, купуваме дел од сопствеништвото од тие акции што по автоматизам значи и дел од тие компании, односно стануваме индиректни сопственици.Одлики на blue chip компании се: мала задолженост,голем поврат на средства ROA,голем поврат на капиталот ROE,и стабилен однос на долгот према капиталот и голема пазарна капитализација
Во секој случај, кога зборуваме за акции од синиот чип, треба да ги сметаме за долгорочен облик на инвестирање како што и предходно напоменав можеме да очекуваме стабилен принос од дивиденди . Уште еден многу важен аргумент за вложување во акции со овие карактеристики е нивната ликвидност,бидејки се високо ликвидни и со нив секојдневно се тргува на берза.Ова значи дека како сопственик на акции од blue chip компании сигурно ќе можете брзо да ги продадете своите акции односно удели доколку ви се потребни парични средства.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Преку инвестициски фондови до поголема заработка во 2019-та