Вардар го потопи актуелниот европски шампион и го прати дома

ИЗВОРСкопје24
|

Неверојатниот Вардар уште еднаш ја покажа својата моќ, овојпат против актуелниот европски шампион Монпеље. Натпреварот заврши со убедливи 33-27 во полза на Вардар. Натпреварот во поголемиот дел беше контролиран од страна на најдобриот македонски ракометен клуб.

Перфектен беше голманот Милосављев кој имаше неверојатни 15 одбрани. Летонскиот џин, Криштопанс имаше 7 погодоци, Карачиќ 6 и Чупиќ 5 погодоци. Услуга на Вардар не му направи Киелце кој беше поразен од Веспрем на домашен терен со 35-36. Доколку победеше полскиот тим Вардар ќе завршеше втор на табелата и ќе имаше лесен противник во 1/8 финале. Вака Вардар е трет, и го очекува потежок противник. Како и да е Вардар докажа дека сеуште е во европскиот ракометен крем и со нетрпение го чекаме следниот противник во следната фаза.