Германците лудуваат по Застава 101- тие се трошат како алва само поради една единствена причина

ИЗВОРСкопје24
|

Иако одамна не се произведуваат моделите на Застава 101, овие автомобили се многу популарни во Германија од страна на тамошните колекционери.

Еден од нив е Босанецот Дино Чолиќ кој е колекционер на југословенски олдтајмери и досега во Германија има увезено околу 70 возила од марката Застава.

Сите се во возна состојба, а најмногу се бара моделот 101. Тој може да се вози и во забранети зони.
Неговата задача е да најде добро сочувани модели во земјите од поранешна СФРЈ, а најмногу купува во Словенија каде возилата се најдобро сочувани и полесно се регистрираат во Германија.

Германците највеќе ги сакаат овие автомобили поради фактот што резервните делови одговараат од повеќе типови на автомобили, а целата интересна сторија ја пренесува Дојче Веле и погледнете ја во продолжение.

Yugo „доби“ наследник: GT 5000 со 5.0 V8 и 600 КС / ФОТО

Без оглед на сите негови недостатоци, Yugo засекогаш ќе остане во срцата на многумина.

И покрај тоа што не се произведува веќе десет години, не е заборавено ниту од некои интернационални автомобилски ентузијасти.

Гордоста на југословенската автомобилска индустрија во светот е продаден во повеќе од 800.000 примероци, па токму затоа и се памети вон границите на некогашна Југославија.

Еден од оние кои добро го запомниле е дизајнерот Мајкл Меркел, што моделот му послужил како инспирација за неговите дигитални дизајнерски дела. Мерклер ни дава увид во тоа како би можело да изгледа современото Yugo кое ја преживеало транзицијата и се претворило во вистински „спортист“.

Под името Yugo GT 5000 Concept, гледаме автомобил Yugo кој тешко дека на овие простори некој може да го замисли, со големина на Chrysler 300 C, LED светла, 20-инчни тркала и гуми со ширина од 265 mm.