Спасете ја и душата и телото: Еве што ќе се случи со вашето тело ако го издржите големиот Велигденски пост

ИЗВОРСкопје24
|

Почна Велигденскиот пост, а многумина што сакаат да постат се двоумат што смеат да јадат во текот на тие денови, а што не.

Постот ја прочистува душата. На површина излегуваат потиснатите мисли и чувства кои можат да бидат од пријате и од непријатен карактер. Со оглед на тоа дека проблемите конечно излегуваат на површина, имаме појасен поглед на нив и можеме полесно да ги решиме.

Кога човекот пости, секој ден си ги обновува органите во своето тело. Посебо е добро за здравјето на органите за варење, а и многу влијае на квалитетот на крвта, која е основата за здравјето на луѓето.

Повремено „гладување“ е одлично за здравјето. Некои од паразитите во нашето тело не можат, а и не сакаат да излезат на друг начин т.е постот ги брка надвор од нас, бидејќи они сами се хранат од намирниците што ги конзумираме ние.

Уште на крајот на 19 век некои експерти го проучувале делувањето на постот на човековото здравје. Тогаш е откриено дека состојбата на организмот го принудува да функционира користејќи ги сопствените резерви.

Истражувањата покажале дека креаторот на чувството на глад е самиот центар на глад. Доколку не јадете организмот почнува да ги троши внатрешните резерви, при што најмалку се се одзема од нервното ткиво, срцето и останатите органи – организмот прво ги користи оболените ткива и го прочистуваат организмот.

Експериментите покажаа дека количината на резерва која организмот може да ја искористи во текот на постот е толку голема што може да оди и до 40/50% од тежината на човекот.

Во текот на постот кожата се подмладува – острите линии и борите стануваа помалку воочливи, кожата станува помлада, добива подобра боја и сјај, а се подобрува и структурата на ткивото.

Додека постите функциите на сите органите се намалени, организмот се одмара, а од резервите надокнадува за потрошената енергија. Стомакот мирува, крвотокот правилно се распоредува, а мозокот работи подобро.

Во текот на гладувањето се што е добро, виталните органи како што се мозокот и срцето, жлездите со внатрешно лачење се во потполност заштитени и се поштедени од било какви штетни последици. Можеби изгледа неверојатно, но во организмот во текот на постот се градат нови ќелии.