Најдоброто од Македонија, со најдобриот во Барселона: „Привилегија е да го гледаш!“ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова имаше нова средба со Лионел Меси, најдобриот активен фудбалер и човекот кој важи за еден од најдобрите во историјата на фудбалот.

На последната фото-сесија на шпанска Барселона, Андонова направи „фотка“ со ѕвездата на каталонскиот гигант, а истата заврши на социјалните мрежи, со порака дека Македонката му се восхитува на Лионел Меси.

„Привилегија е да си роден во ерата на Лео Меси најдобриот фудбалер на сите времиња . Ти си мојата инспирација и со гордост можам да кажам дека успеав да играм за истиот клуб како тебе“, напиша Андонова.

Фудбалерката на Барселона која поради несогласувања со актуелниот селектор не е во репрезентацијата, во нашата земја ја нарекуваат „македонскиот Меси“, пред се поради нејзините голгетерски способности и убиствената „левица“ која ја поседува.

Извор: gol.mk