Како да одберете добар половен автомобил?

ИЗВОРСкопје24
|

Купувањето на половен автомобил денес е исто како да земете мачка во вреќа. Преку овие брзи совети ќе се обидеме да ви ги посочиме умешно сокриените измами на продавачите на половни автомобили.

Додека кај новиот осигурани сме од евентуалните дефекти со гаранцијата од произведувачот, но со голема цена, ситуацијата кај половните е малку покомплицирана. Купувањето на половниот автомобил денес е исто како да земете мачка во вреќа. Од една страна за осетно помалку пари од новиот можете да купите навистина добар половен, а од друга страна купувачот ретко е запознаен со вистинската состојба на возилото што го купува бидејќи никогаш не се знае како претходниот сопственик го одржувал, колкава е неговата вистинска километража, дали е удиран, краден и слично. Вечер преку неколку брзи совети ќе се обиде да ви ги посочи умешно сокриените измами на продавачите на половни автомобили.

НЕ БРЗАЈТЕ ПРИ КУПУВАЊЕТО НА ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ

При купувањето на половен автомобил не треба да се брза, најдобра солуција е купување од познати особи, за кои знаете дека возилото добро се одржувало и возело. Најголем ризик има кај увезените половни автомобили, бидејќи тие во најголем случај се со поминати многу километри, треба да се очекуваат многу дефекти кои можат да создадат многу главоболки на новиот сопственик. Автоплацовите честопати во понудите даваат и гаранција на половните автомобили, па купувањето кај нив е посигурно, каде истите неретко имаат и договор со некои од банките, па е олеснет процесот за добивање на кредит отколку да го правите тоа сами. Последна солуција е купување на автомобил преку огласник или автосаеми. Во таков случај секако треба да понесете со себе вешто лице кое ги разбира проблемите на автомобилите, и доколку има нешто сомнително би ве предупредил да не го купувате вашиот можен лимен миленик.

ПРЕГЛЕДАЈТЕ ЈА НЕГОВАТА КАРОСЕРИЈА

Купувачот најпрво има визуелен контакт со потенцијалниот миленик. Изгледот на каросеријата и внатрешноста на возилото за вистинските познавачи на автомобили често може да биде доволен знак какво е возилото. Затоа кај првиот визуелен преглед многу битно е да се знае на што да се обрати внимание. Автомобилот може на прв поглед да изгледа како гланц нов, но стручните лица знаат како да утврдат дали истиот бил оштетен и колку. Доколку се нееднакви растојанијата на школката на автомобилот, меѓу вратите и хаубата тоа е сигурен знак дека автомобилот бил хаварисан и дека некои негови делови на неговата каросерија се сменети можеби и по неколку пати. Можно истиот да претрпел сериозни деформации при ударот. Трагите на големите оштетувања можат вешто да бидат скриени, но тие најтешко се кријат на долниот дел на автомобилот. Било какви заварувања на каросеријата, подразбира дека некои делови на автомобилот се менувани. Исто така не е на одмет да ги проверите ознаките на прозорците, фаровите и трепкачите. Оригиналните делови имаат знак на произведувачот на автомобилот сами на себе. Преглед на каросеријата подразбира, разгледување на камуфлираните и корозирани делови. Задолжително треба да се отвори гепекот, да се подигне тапацирот и да се види делот покрај резервното тркало, каде најчесто се приметуваат деформитетите настанати од заден удар. Заблуда е автомобил стар пет години да нема ниедна гребнатинка. Ако е таков, тоа значи дека е префарбан и дека имал поголеми оштетувања. Не се исклучува и можноста истиот да е составен и од два автомобила.

ВНАТРЕШНОСТА НА ВОЗИЛОТО

Истрошеноста на педалите секогаш говори дека возилото е многу возено. Освен тоа облогата на воланот може да биде излижана. Тоа укажува на фактот дека автомобилот е возен во градски услови. Повеќе изминати илјади километри во градско возење секогаш има последици на состојбата на моторот, отколку поминатите километри на отворено. Гребаници на возачката врата укажува на фактот дека возилото е користено пак на кратки дестинации. Моторот мора да работи мирно, дури и ако е дизел, секако доколку возилото е старо најмногу 5-6 години. Кај дизелите постари од ова работата на моторот е бучна и тешко може да се процени неговата состојба само со стратување на лице место и гледање.

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПРЕГЛЕД НА ПНЕВМАТИЦИТЕ

Пред да се одлучите да купите автомобил вистинските познавачи на возила обрнуваат внимание на изгледот на пневматиците. Доколку гумите се истрошени повеќе на едната страна, значи дека трапот не е центриран. Исто така на основа на гумите може да се утврди и веродостојноста на километражникот.

ГОДИНАТА НА ПРОИЗВОДСТВО НА АВТОМОБИЛОТ

Со староста на автомобилот паѓа и неговата цена на пазарот. Со тоа и заработката од продажба на возилото. Секогаш треба да се внимава дали за истата сума пари може да се најде иста марка со поново годиште на производство. Доколку автомобилот чини и повеќе илјади евра, неопходно е и да се провери регуларноста на документацијата во МВР.