ПАЛИТЕ ЦИГАРА ПОСЛЕ ЈАДЕЊЕ: Еве што му правите на вашиот организам

|

Пушењето е штетно! Повеќето пушачи посегнуваат по цигара веднаш штом ќе завршат со јадење.

Некои тоа го прават бидејќи сакаат да ѝ “помогнат” на храната побрзо да се свари, но не се свесни за тоа колку штета предизвикуваат на организмот со оваа навика.

Силната желба за цигара и порив за цигара после јадење е нешто со што можат да се идентификуваат поголем дел од пушачите. Често веднаш палат затоа што мислат дека на тој начин подобро ќе ја сварат храната, но научниците не поддржуваат оваа нивна теорија.

Цигарите особено ги иритираат цревата, но и остатокот од дигестивниот систем, кој потоа влијае на целиот организам.
Никотинот од цигарите се поврзува со кислородот во крвта, затоа што по јадење, кога дигестивниот систем работи со полна пареа, лесно се апсорбира.

Поради тоа пушењето по јадење може да доведе до серија на сериозни проблеми во дигестивниот систем, од иритација до сериозни болести.

Луѓето кои боледуваат од улцеративен колитис и синдром на дебело црево треба да избегнуваат пушење во широк лак, а оние кои се пушачи задолжително треба да се откажат од цигарите после јадење, бидејќи пушењето дополнително ги влошува симптомите на болеста и го отежнува варењето на храната.

Бројни студии покажале дека пушењето после јадење 10 пати е полошо од “нормалното”. Поконкретно, една испушена цигара има јачина како нив 10.

Затоа после јадење, почекајте најмалку половина час пред да запалите. Но, дали е потребно??? Воздржете се!