Македонската ракометна репрезентација го одигра првото реми во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година, откако во Скопје, натпреварот против Исланд заврши со резултат 24-24 (10-11).
По големата победа во Рејкјавик кај Исланд, нашиот национален тим беше на прагот да победи и на домашен терен, но во финишот противникот се спаси од пораз. Јонсон беше херојот на „рибарите“ во новиот драматичен натпревар меѓу двете селекции, затоа што даде гол на три секунди пред крајот и го расипа славјето во Скопје. Сепак, ништо не е загубено, затоа што Македонија останува лидер во групата и со евентаулен успех на наредните средби, ќе го задржи лидерското место кое носи ЕП и прв шешир за квалификациската ждрепка за наредниот континентален собир.
ep-2020-rakomet-kvalifikacii-makedonija-island-14.04.2019-3804.jpg
Дуелот почна во егал, се до 2-2, кога потоа следеше 2-4 за Исланд и диктирање на темпото на игра. Македонија константно бркаше резултат, се до 7-7, кога Борко Ристовски постигна гол на празната мрежа, а потоа, откако „рибарите“ играа без голман поради исклучување, нашиот национален тим направи пресврт со погодок на Филип Талески и потоа поведе со 10-8.
По првото поосетно водство на Македонија, следеше пад во играта. Речиси десет минути нашиот национален тим не постигна погодок, а Исланд го сврте мечот во своја полза. На паузата, гостинот имаше водство од еден гол со серија од 0-3 (10-11), а на отворањето на вториот дел, за првпат на средбата, Исланѓаните дојдоа до предност од три гола (12-15).
ep-2020-rakomet-kvalifikacii-makedonija-island-14.04.2019-3765.jpg
Голема вина за тоа имаше голманот Халгримсон, кој се разбрани и му помогна на својот национален тим кога беше најпотребно. На спротивната страна, блескаше и Борко Ристовски за 35 минути имаше десет одбрани, но нереализацијата во нападот го направи своето.
На 15 минути пред крајот на натпреварот, гол за Македонија даде Велко Маркоски (17-18), а откако Исланд промаши, Лазаров изедначи на 18-18. Исланд пак погреши, следеше нов напад на нашиот национален тим и гол на Кирил Лазаров (19-18), а оттогаш па се до финишот се играше неизвесно.
Целиот текст прочитајте го на Гол.мк