Ви чади автомобилот: Еве каков проблем има

ИЗВОРСкопје24
|

Различна боја на димот што излегува од автомобилот укажува на одреден проблем, без притоа да морате да посетите некој сервис.

Понекогаш бојата на чадот што излегува од ауспухот на автомобилот може да биде знак дека нешто не е во ред со вашето возило. Дури и кога ниту една сијалица на инструмент таблата не се вклучува, или пак додека возите не можете да забележите чудно однесување што би била сигнал за дефект, според бојата на чадот може да се откријат некои проблеми на автомобилот.

Многумина не знаат дека издувниот систем мора да има точно одредена должина, бидејќи таа меѓу другото го одредува подпритисокот во издувната грана, која пак е клучна за „извлекување“ на издувните гасови од цилиндарот кон издувните вентили.

Покрај тоа што издувните гасови ги турка клипот кога се движи кон горната мртва точка во фазата на издувување, тоа го прави и издувната грана со помош на притисокот на нејзиниот почеток, односно веднаш на издувниот вентил, и на нејзиниот крај.

Син дим

Ако од автомобилот излегува син дим тоа значи дека проблемот е со маслото за подмачкување, и дека доаѓа до согорување на маслото. Тоа најчесто се случува кога има дотраена карика или вентил, па тогаш се случува да протекува маслото во комората за согорување каде се меша со горивото. Ако во воочите овој проблем, проверете го маслото и редовно контролирајте го.

Сив чад

За овој чад тешко се дава вистинска дијагноза. Го предизвикуваат слични дефекти како и синиот чад, согорување на масло, но и лош турбо полнач. Значи треба да се провери маслото, но и потрошувачката на гориво, бидејќи обично овие дефекти предизвикуваат зголемување на потрошувачката.

Бел чад

Доколку забележите бел чад не мора да значи ништо опасно, бидејќи може да претставува обична кондензација во внатрешноста на издувниот систем. Меѓутоа, поголем бел облак може да претставува ризик. Главни дефекти што можат да предизвикаат ваков бел чад се оштетувања на цилиндрите на главата и испукани ѕидови на блокот на моторот, а тоа бара скапи поправки. Овој проблем не треба да се игнорира, бидејќи и најмало протекување на разладната течност може да доведе до прегрејување и претставува сериозен ризик за дефект на моторот.

Црн чад

Тоа значи зголемена потрошувачка на гориво. Прво што треба да се провери се филтрите за климата, сензорите за усисот, бризгалките за горива и регулаторот на притисок. Црн чад најлесно се дијагностицира, бидејќи точно се знае што го предизвикува, а ни поправката на овие делови не е претерано скапа.