Еден од најдобрите фудбалери на светот, Аргентинецот Лионел Меси, е познат како фамилијарен човек и добар татко
Откако знаеме за Меси, тој се поврзува со само една девојка – сегашната сопруга Антонела Рокузо, со која има три сина: Тијаго, Матео и Чиро.
Познато е дека Меси и неговата сопруга се знаат уште од детството. Тие пораснале заедно во Росарио, а еден познат аргентински весник објавил фотографија на која 11-годишниот Лионел и 10-годишната Антонела уживаат на плажа во дамнешната 1998 година.
https://twitter.com/BarcaTimes/status/1120181224595755008?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120181224595755008&ref_url=https%3A%2F%2Fsupermen.tocka.com.mk%2Fvesti%2F305232%2Fimal-samo-11-godini-koga-ja-zapoznal-svojata-kralica-fotografijata-od-fudbalerot-i-negovata-sopruga-kako-deca-go-voodusevi-svetot
Лео со другарите бил на фудбалски турнир, имале слободен ден и заминале на плажа. Роднина на еден од неговите соиграчи бил таму со своето семејство, а едно од девојчињата во неговото друштво била неговата сегашна сопруга.
Две години подоцна Меси се преселил во Барселона, а по седум години се преселила и неговата Антонела.