Опаѓање на косата: Кои се најчестите причинители и како да си помогнете?

ИЗВОРСкопје24
|

Опаѓањето на косата е вообичаена појава, која му се случува на секој човек во текот на животот. Има многу причинители, но најчестите опфаќаат генетски предиспозиции, семејна историја и секако самиот процес на стареење.

Губењето на 150 влакна дневно е нормална појава.

Последиците од опаѓање на косата кај мажите можат да се забележат во доба од 35 години – или косата се проретчува или опаѓа, а на темето се појавува кружна површина без коса. Според статистиките, губењето на косата се јавува кај 70 проценти од мажите. Причината за опаѓањето не е во потполност јасна, но лекарите се сложуваат дека врз ова влијаат повеќе фактори како што се:

• стрес

• анемија

• генетика

• болести на штитната жлезда

• хормонски пореметувања

• габични инфекции

Кои третмани постојат како помош?

Постојат илјадници препарати за кои произведувачите тврдат дека го поттикнуваaт растот на косата или го спречуваат нејзиното опаѓање. Разните витамини, шампони, регенератори и други продукти секако не можат да одмогнат, но тие не се научно потврдени како ефикасни.

Кои витамини помагаат?

Дневната доза на витамин Б, цинк, железо и калциум се разумен избор. Новите студии го напоменуваат витаминот Д како добра опција, а експертите тврдат дека витаминот А може да доведе до губење на косата, па затоа намалете со неговиот внес.

Како да го спречите опаѓањето?

Правилната нега на косата е добар почеток. Одржувајте ја косата чиста, користејќи нежни шампони. Здравата исхрана е важен фактор: внесувајте доволна количина на железо, калциум и витамини. Се смета дека некои билки го спречуваат опаѓањето на косата, а тоа се семки од тиква и зелен чај.

Маската за коса од обичен квасец е едноставно, но и многу ефикасно средство кое може да направи чудо за вашата коса.

Квасецот одговара за сите типови на коса и е одличен сојузник во борбата против опаѓање на косата, но само ако го користите редовно.

Како превентивна мерка за побрз раст на косата, маската од квасец се користи еднаш неделно, 10-15 седмици по ред. Потоа се прави пауза од 3 месеци и постапката се повторува по потреба.

Ако вашата цел е лечење на косата, обновување и зајакнување, маската можете да ја применувате и 2 пати неделно, 6-8 седмици по ред.

Маската можете да ја направите сами во домашни услови, а рецептот е следен:

Во 1 супена лажичка топло млеко растворете 1 кафена лажичка мед или шеќер, а потоа додајте 20g свеж квасец. Течноста оставете ја на топло место за да нарасне, отприлика 15-20 минути.

Потоа додајте 1 жолчка од јајце и добро промешајте ги сите компоненти за да ја изедначите смесата.

Добиената смеса нанесете ја на чиста и влажна коса, а потоа замотајте ја во пешкир. Маската оставете ја да ви постои 50-60 минути и потоа измијте ја темелно со вода и шампон.

Составот на маската можете да го менувате со тоа што ќе додадете рицинусово или маслиново масло, јогурт, сок од алое вера, меѓутоа состојката квасец останува иста.