Од денеска и официјално започнува акцијата за спас на ракометниот клуб Вардар. По најавата на Сергеј Самсоненко дека во иднина нема да го финансира „црвено-црниот“ клуб, навивачите се обединија и најавија повеќе акции за спас на клубот кој нема да биде оставен на цедило.
Веќе е направен првиот чекор и објавени се двете сметки, денарска и девизна, на кои ќе можат да се донираат средства за клубот, што и носеше многу радости во последните години на македонската јавност, да биде повторно на здрави нозе.
Вардар е многу блиску до пласман трета година по ред на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако на првиот меч од четвртфиналето славеше над унгарскиот првак ПИК Сегед и ќе брани осум голови предност на реваншот.
Тимур Магомедович Дибиров е руски ракометар, роден 1983 година во Петрозаводск. Игра за руската ракометна репрезентација, а од 2013 година игра за македонскиот ракометниот клуб Вардар. Во изминатиот период беше еден од најактивните играчи на европскиот првак, Вардар.
Тој е најблиску до трансфер во белорускиот првак Брест Мешков, а на социјалните мрежи го најави последниот дуел на домашен терен во ЛШ против ПИК Сегед.
Преку емотивни фотографии тој се поздравува од македонската публика. „Мангупи“, „Благодарам за се Македонијо и Македонци“ се насловите на дел од нив.