Дали станува збор за главоболка или мигрена?
Некои луѓе не знаат да ја препознаат мигрената, затоа кон лечењето пристапуваат како кон обична главоболка. Проблемот е во тоа што класичната таблета како аспиринот најчесто не делува доколку се работи за мигрена.
Еден од подобрите начини да ја воочите разликата е да водите евиденција колку денови во месецот имате денови без главоболка. Доколку имате 25 дена или повеќе, најверојатно се работи за главоболка, но доколку тој број е помал од 25, поверојатно е дека страдате од мигрена и не е лошо да се консултирате со матичниот доктор.
Не сите главоболки болат исто. Некои, како што е мигрената, прават страните на главата да ви пулсираат со денови. Други, пак, како што се тензичните главоболки, може да предизвикаат притисок во вратот и во челото и да исчезнат за неколку часа.
Еве како да знаете каков тип болка чувствувате.
Синусна главоболка
Овие главоболки може да ги чувствувате како синусна инфекција. Може да чувствувате болка и притисок во пределот на образите, веѓите или челото. Состојбата станува полоша кога се наведнувате нанапред или кога легнувате. Исто така, може носот да ви е затнат или да ви тече. Може и да се чувствувате уморни.
Тензична главоболка
Оваа главоболка може да биде хронична, да трае со часови во текот на повеќе денови во месецот или, пак, може да биде во епизоди и да трае од 30 минути до една недела во текот на половина месец. Може да чувствувате притисок во челото или од страничните или задните делови на главата. Скалпот, вратот и рамената ви се нежни и може да чувствувате млитава главоболка.
Мигрена
Мигрената често напредува во четири фази, но не секој човек ги преживува сите.
1. Продом
Се случува еден или два дена пред главоболката. Оваа фаза може да вклучува промени во расположението, копнеж за храна, вкочанетост на вратот, зголемена жед или често проѕевање.
2. Аура
Се случува пред или за време на мигрената. Може да гледате светли точки или светлина, да ви се губи видот или да ви трепери телото.
3. Главоболка („напад“)
Трае од 4 до 72 часа. Пулсирачката болка често е на страните од главата. Може да искусите блага чувствителност, гадење и зашеметеност.
4. Пост-дром
Следува по мигрената и трае до еден ден. Може да се чувствувате збунети, зашемeтени или нерасположени.
Како да си помогнете ?
Проѕевањето е знак на предупредување
Како најчести симптоми на мигрената се споменуваат повременото губење на видот и вртоглавицата, но и проѕевањето. Доколку го забележите ова кај себе, можете да делувате превентивно. Кога ќе ги забележите проѕевањето и другите симптоми на мигрена, веднаш земете таблета за да ја спречите евентуалната болка која подоцна е тешко да се отстрани.
Избегнувајте сирење, јадете банани
Доколку страдате од мигрена, избегнувајте ги кафето, чоколадата, газираните напивки, чаевите и сирењето, бидејќи во него има состојки кои предизвикуваат главоболка. Наместо тоа, јадете банани, бидејќи нивото на крвта го одржуваат стабилно.
Седите исправено
Повеќето луѓе забораваат да седат исправено, а неприродните положби на телото ја влошуваат ситуацијата кај луѓето кои страдаат од мигрена.
Бидете внимателни со таблетите
Кога ги чувствувате страшните болки како последица на мигрена, немојте да претерувате со таблетите. Во такви болни ситуации луѓето прават сè и сешто за да го ублажат страдањето.
Превенција
Одредени животни стилови се многу погодни за развојот на мигрената, токму затоа треба да внесете промени. Колку што можете избегнувајте стресни ситуации, стремете се редовно да се релаксирате, водете сметка за спиењето и редовното јадење, избегнувајте ги цигарите и алкохолот и што почесто практикувајте спортски активности.