Рецепт за хроно салата – фантастичен микс од 6 вкусови во само една порција

ИЗВОРСкопје24
|

Хроно салата: 6 вкусови во една порција. Хроно диетата за многумина во последниов период, од начин на исхрана прерасна во начин на живот. Приврзаниците на овој начин на исхрана како и нивните пред и потоа фотографии за многу краток период го освоија вниманието на социјалните мрежи. Тие исто така претставуваат огромна инспирација за оние луѓе кои сѐ уште не се осмелиле да започнат со слабеење. На видеото можете да погледнете идеја плус како да си подготвите хроно салата со интересна комбинација на авокадо и туна.

Потребни состојки:

1 авокадо, 1 крставица, 1 црвен кромид, 1 конзерва туна, неколку гранчиња магданос, 1 лимон, маслиново масло,

Авокадото е главната намирница

Авокадото наједноставно се размножува со семките. Со отсечени делови се размножува само од некои видови. Семките се засадуваат со тапиот крај надолу. Добро искуство се покажало кога се засадува по една семка во поголема саксија, која се прекрива со стаклена табла. На овој начин во саксијата се одржува влажна средина, која го забрзува ‘ртењето. Треба да се избере лесен супстрат (земја), кој добро пропушта воздух, за вишокот вода да може веднаш да истече. Стаклената табла се вади секој ден на 30 минути за да не дојде до збабарување на семката. Семето најбрзо ‘рти доколку е цел ден на топло место. Идеална температура е повисока од 25 Целзиусови степени. По излегувањето на првите листови на авокадото му е доволна собна температура.

Авокадото во наши услови расте многу брзо. Гнездесто дрво во висина од околу еден метар ќе израсте за две години. Авокадото може да се користи во свежа, солена, замрзната состојба, за подготовка на разни салати, пијачки, кремови, сладолед. Тоа, исто така, се користи за парфеми и во прехранбената индустрија.

Авокадото е најхранливото овошје на светот. Неговата енергетска вредност изнесува 840 kJ на 100 г месест дел (за споредба: банана 355 kJ, манго 215, папаја 180, домат 90, краставица само 0,64kJ). Содржи од пет до 32 проценти масти, кои лесно се впиваат во кожата и така претставуваат важна компонента во козметиката.

Во однос на хемискиот сос­тав, авокадото не е овошје во вистинска смисла на зборот, без разлика на тоа што го вбројуваме во овошје. Ова овошје во себе содржи витамин А, Б, Ц, Е и железо. Се мисли дека го намалува нивото на холестерол во крвта. Позната е неговата широка примена во козметиката. Се препорачува при држење диета: две авокада ја задоволуваат дневната потреба на возрасен човек за овошје.