Одржувањето на оптималното ниво на шеќер во крвта има позитивен ефект врз севкупното здравје, и медот се чини дека придонесува за оваа цел. Навистина, античките олимписки натпреварувачи се потпираа на овој продукт, како и на мед во комбинација со смокви, за да ги подобрат перформансите, помагајќи да го одржат нивото на енергија и да го вратат обновувањето на мускулите.
Во една неодамнешна студија на 39 машки и женски спортисти, по тренингот, учесниците јаделе протеински додаток помешан со засладувач. Оние кои јаделе додаток засладен со мед, наспроти шеќер или малтодекстрин, ги уживале најдобрите резултати. Тие одржувале оптимално ниво на шеќер во крвта два часа по тренингот уживајќи во подобрата рекуперација на мускулите. Можеби најважната здравствена придобивка од медот е неговата антиоксидантна способност. Знаеме дека дневната доза на внесување на мед во организмот го зголемува нивото на крв на заштитните антиоксиданти. Дава импресивен придонес за целокупното ниво на антиоксиданти во телото и без сомнение е значаен промотор на здравјето.
Медот, кој е исто така познат и како мелем за рани, се користи со векови како антисептик за лекување на изгореници, чиреви и рани.
Една студија во Индија ја спореди ефективноста на мед со конвенционалниот третман за лекување на рани, сребро сулфадијазин, кај пациенти кои страдаат од изгореници од прв степен. Неверојатно, кај раните кои биле лечени со мед, раното слегнување на акутните воспалителни промени позитивно влијаеле врз инфекцијата и било забележано побрзо заздравување. Некои истражувачи го припишуваат овој ефект на хранливите материи кои што се наоѓаат во медот што придонесуваат во зараснувањето на кожата и на антибактериските супстанции присутни во медот. Неговата моќ и во оваа улога, е уште еден доказ за неговата здравствена корист.
Дополнителната корист од медот се наоѓа во олигосахаридите кои што ги содржи. Тие го зголемуваат бројот на добри бактерии во дебелото црево, ги намалуваат нивоата на токсични метаболити во цревата, помагаат во спречувањето на запек и помагаат во намалување на холестеролот и крвниот притисок.
Доколку чувствувате проблеми во вид на настинки, болно грло или пак се чувствувате изнемоштено, обидете се да се напиете некој топол зелен чај со една лажица мед и едно многу мало парче црвена пиперка (cayenne). Моќната мешавина на чајот и медот заедно со црвената пиперка можат да го ублажат воспаленото грло. Истражувачите сметаат дека црвената пиперка позитивно влијае на таквите промени во телото поради супстанците кои ги содржи.
И секако, прекрасната напивка од мед во комбинација со ѓумбир како чувар на здравјето за во зимските денови.