ВИДЕО: Вардар доби нова навивачка химна во пресрет на Ф4 во Келн

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот ракометен првак Вардар се подготвува за настап на Ф4-турнирот во Келн во рамки на Лигата на шампионите, а навивачите на „црвено-црните“ имаат нова песна со која ќе ги бодрат своите миленици во Германија.

Екипа „АСОВИ“ и Александар Митевски направија преработка на песната „Признавам“ од Маријана и Росана, а истата го носи името „Вардаре, не те оставаме“. Автор на истата е Тоде Новачевски, аранжер и продуцент е Александар Митевски, додека продуцент е Бобан Василески.

Вардарци го стартуваат Ф4-турнирот во Келн на 1 јуни, кога во рамки на полуфиналето играат против една од најдобрите екипи според формата оваа сезона, тимот на Барселона. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Веспрем и Киелце.

ЕХФ со моќно видео го поздрави нашиот шампион: Вардар добредојде во Келн (ВИДЕО)

Вардар трета година по ред ќе учествува на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн, и покрај сите заминувања и проблеми, македонскиот шампион го одржува високото ниво на успеси.

Вардар ги победи сите проблеми со кои се соочуваше и уште една година ќе игра на завршниот турнир во Келн. Дел од важните ракометари си заминаа, но победничкиот менталитет остана.

Вардарци ги надминаа сите проблеми со кои се соочуваа оваа сезона, Роберто Парондо покажа дека е голем тренер и го однесе македонскиот тим до уште еден фајнл-фор.

Завршниот турнир оваа година ќе се одржи на 1 и 2 јуни. Противник на Вардар во полуфиналето е Барселона.

ЕХФ со моќно видео му посака добредојде на Вардар во Келн.

Видеото погледнете го ТУКА.