Кристијано Роналдо е познат како страстен колекционер на скапоцени автомобили, а овој пат се почестил со возење на McLaren Senna.
Роналдо го посетил Монте Карло каде се сретнал со популарниот Луис Хамилтон додека британскиот шампион се спремал за големата трка.
Во меѓувреме, фудбалерот се почестил со опасна машина, McLaren Senna кој е направен во само 500 примероци. Неговата цена е околу милион долари, а еден модел бил продаден на аукција за 1,45 милиони, што за Роналдо сигурно не претставува голема препрека.
Senna развива 300 км/ч. за 17,5 секунди, а името го добил по познатиот возач Ајртон Сена кој со голем успех возеше за McLaren. Каква хистерија предизвика Кристијано Роналдо со снимката од автомобилот, доволно зборува и фактот дека за 20 минути веќе имал околу 20 илјади коментари од обожавателите на својата Инстаграм објава.
Општо е познато дека Роналдо е голем фанатик на брзи автомобили. Еве дел од неговата колекција.